РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година.
–Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (сабота, 14 декември -18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот-стои во објавата на социјалните мрежи.