Don't Miss
Home / Економија / Фабриката за шеќер во стечај!?

Фабриката за шеќер во стечај!?

Горчлива вест за вработените во најслатката фабрика во Битола, фабриката за шеќер “4 Ноември “.
Имено, по барање на сопственикот на мнозинскиот пакет акции на Фабриката, бугарскиот газда, денеска во Основниот суд во Битола е побарано врз оваа фабрика да се отвори стечајна постапка.
Според информации на “Битолски весник“  сопственикот на фабриката, откако го поднел барањето за стечај во Шеќераната, наводно се спакувал и си заминал во Бугарија.
Така, по неколку години неизвесност конечно е ставен клуч и на една од најстарите фабрики во Битола, единствената Шеќерана, не само во Република Македонија туку и во регионот.
Со заминувањето во стечај на фабриката за шеќер “ 4 Ноември “ во Агенцијата наскоро ќе се најдат над стотина работници, колку што работеа во оваа фабрика.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*