Don't Miss
Home / Култура / Филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори годинашниот „Браќа Манаки“

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори годинашниот „Браќа Манаки“

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори овогодишното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, а новиот слоган на фестивалот што годинава се одржува од 10 – 17 септември во Битола, е Movie On – Feel the light, Feel Bitola  (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола).

Акцентот на  прес-конференцијата  на која говореа Благоја Куновски Доре – директор на фестивалот, Роберт Насков – продуцент, Мими Ѓоргоска Илиевска – директор на Агенцијата за филм на Република Македонија и Гена Теодосиевска – уметнички директор на фестивалот, беше ставен на филмот на отворањето на овој реномиран филмски фестивал “Ослободување на Скопје” за кој говореше продуцентот Роберт Насков.

Беше најавено дека на отворањето на фестивалот во Битола поголем дел од филмската екипа на “Ослободување на Скопје” ќе се поклони на сцената во Центарот за култура во Битола, на чело со режисерскиот тандем синот и таткото Данило и Раде Шербеџија.

Како што објасни продуцентот Насков, овој нов македонски филм е копродукција со Хрватскиот аудио визуелен центар, Филмскиот фонд на Финска и финската национална телевизија YLE, а е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции “Еуроимаж”. Директор на фотографија на овој филм е Дејан Димески, автор на музика Влатко Стефановски, монтажер Николас Гастер, дизајн на продукција Иван Бартлинг, костимографија Жељка Франуловиќ, а кастингот е на Киријана Николовска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола. Во главните улоги настапуваат првпат на филм, 11 годишниот Давид Тодосовски и веќе потврдените и искусни актерски имиња на Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други. Овој филм е снимен според познатиот текст на Душан Јовановиќ, а сценариото е на Душан Јовановиќ и Раде Шербеџија. Специјално за овој прес беше промовиран и филмскиот трејлер на “Ослободување на Скопје”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*