Don't Miss
Home / Вести / Финална фаза на реконструкција на локалниот пат во село Цапари

Финална фаза на реконструкција на локалниот пат во село Цапари

По подготвителните активности, кои се одвиваа изминатиот период, од денес се реализира финалната фаза на проектот „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.

Асфалтирањето, кое што започна денес и ќе се одвива во наредните неколку дена, зафаќа патна инфраструктура во село Цапари во должина од 1478 метри, за што од општинскиот буџет се инвестираат 10.451.060 денари.

За време на подготвителните активности, градоначалникот Тони Коњановски потенцираше дека ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа инвестира во подобрување на инфраструктурните услови и во руралниот дел на Општината Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*