Home / Вести / ФК Пелистер оди на продажба

ФК Пелистер оди на продажба

Веќе нема дилеми.

 Фудбалскиот клуб Пелистер Битола   оди  на продажба.

Доколку се реализира купопроаджбата,  нов сопственик Пелистер ќе биде  фирмата  „Максимо Десароло Лимитед“ со седиште во Лондон, која веќе испрати понуда  до  Општина Битола за да ги откупи акциите на фудбалскиот колектив.

За продажбата на Пелистер треба да расправаат советниците на Советот на утрешната седница.

Пред одржувањето на седницата со свое барање излегоа навивачите на навивачката група “ Чкембари “, кои поставија три услои до новиот сопстевник.

1. Поради немањето доволни (никакви) информации за купувачот, пред гласањето, да се обезбедат дополнителни информации за евентуално новиот сопственик. Презентација на проектот како размислуваат да го развиваат клубот во иднина, и да гарантираат транспарентност во иднина, бидејќи, иако се работи за 75% приватна сопственост, ФК Пелистер е субјект кој е од висок јавен интерес за битолчани.

2. Да се вметнат клаузули или одредени анекси во договорот кој ќе го гарантираат зачувувањето на идентитетот на Пелистер. Амблем, боја, име и битолска адреса.  Само „зелено-бел“ Пелистер!

3. Иако фудбалот е игра во која некогаш и парите не играат улога во крајниот резулатат, односно голем влог автоматски не значи голем успех. Меѓутоа, континуираното инвестирање може барем најмалку да го загарантирано прволигашкиот статус на клубот во лига како нашата. Бараме да изнајдете начин, некако да биде и самиот инвеститор условен, Пелистер – само Прва лига!

Во писмото доставено до градоначалничката на Битола  Наташа Петровска, стои дека оваа фирма сака да купи 75% од акциите на ФК Пелистер,  кои ги поседува  сегаШниот сопственик, Пеце Стојчевски, додека останатите 25%  со кои располага Општината Битола, може да ги добие партнер кој сака да влезе во проектот.

Истовремено, од фирмата од Британија бараат овластеност за трансфери, односно дозвола тие во целост да ги имаат во раце менаџирањето на клубот, носењето на нови спонзори, како и рекламниот простор на стадионот.

Дали идејата за продажба на Пелистер ќе се реализира ќе се знае по утрешната седница на Советот.

Инаку во изминатиот период Пелистер го напуштија неколку стандардни првотимци на кои им истекоа договорите, па така  во моментот битолскиот прволигаш е буквално без тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*