Во спортската сала “Младост” во Битола се одигра хуманитарен натпревар во фудбал помеѓу ветераните на Пелистер и на Македонија.
На паркетот во “Младост” се најдоа: Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Бошко Ѓуровски, Илчо Ѓоргиоски, Саша Ќириќ, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Кире Грозданов, Томче Трајановски, а натпреварот беше во организација на Фудбалската федерација на Македонија и Општина Битола.
За македонската селекција играа македонските фудбалски легенди, Најдоски, Ѓоргиоски, Ѓуровски, Ќириќ, Станковски, Трајановски, од една страна, наспроти домашните битолчани Канатларовски, Тони и Ванчо Мицевски, Стојковски, Грозданов, сите заедно дополнети и со музичките ѕвезди Даниел Кајмакоски и Влатко Лозановски, како и македонската кошаркарска легенда Петар Наумовски, кој овој пат се стави во улога на фудбалер.
Средствата од купените билети овојпат одат за помош на младиот Игор Наумовски, а како што велат македонските фудбалски легенди нивните акции во градовите ширум Македонија не застануваат тука.
С.Р.