Home / Вести / Генерелано чистење на Битола

Генерелано чистење на Битола

                       

Во  Битола денес почна со реализација на активностите од најголемата еколошка акција за чистење на градот.

Акцијата  се спроведува заедно со  комуналните јавни претпријатија: ЈКП Водовод, КЈП Нискоградба, и ЈП Комуналец, како и со вклучување на три приватни фирми, учество на советници од Советот на општина Битола, Локалниот совет на млади, дел од основните и средните училишта во градот, како и повеќе граѓани.

Акцијата се реализира на иницијатива на Мен енд Маунтен во соработка со Пивара Скопје и ПАКОМАК.

Со „Генералка викенд“, во Битола ќе се чисти на 24 локации, а во неа ќе бидат вклучени  над 1.000 учесници.

Целта на акцијата е чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина.

-Со денешните активности на улицата „Кочо Рацин“, се вклучуваме во големата акција за чистење и пошумување „Генералка викенд“, која се реализира во 26 општини.

 Со цел, да постигнеме колку е можно поголем ефект во расчистувањето на јавните површини, но и да ги мотивираме граѓаните да извршат чистење на просторот пред нивните домови, одлучивме акцијата да се спроведува два дена, а нашите јавни претпријатија, со голем дел од својот капацитет, ги ставивме во функција на оваа акција.

Во Битола, денес и утре се врши чистење на 24 локации, меѓу кои има и поголеми диви депонии, но и мини депонии, затревени површини, како и расфрлени отпадоци кои оставаат лоша слика низ улиците.

Меѓу поголемите депонии кои ќе бидат исчистени, ќе ги споменам депонијата на патот Ушици – Стрелиште, неколку депонии во АРМ, тоа што беше барање, но и потреба на пазрџиите и сите нас, односно расчистување на просторот кај Новиот пазар, обиколницата на патот М5, каде во текот на утрешниот ден ќе се вклучат и две приватни фирми, депонија во селото Црнобуки, каде се вклучува уште една приватна фирма и други локации, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари на битолчани кои самоиницијативно се вклучија  во акцијата.

Во акцијата се вклучија  и 745  ученици  од  6 основни и 2 средни училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*