Don't Miss
Home / Македонија / Гласале 377, односно 52,8 отсто од избирачите во Теарце

Гласале 377, односно 52,8 отсто од избирачите во Теарце

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на избирачкото место број 2011 во Теарце до 17 часот на гласање излегле 377, односно 52,8 отсто од запишани 714 избирачи во Избирачкиот список.

Гласањето се одвива мирно и без проблеми. Околу 9 часот имаше петнаесетминутен прекин поради проблеми со УВ-ламбите, но тие се заменети и гласањето продолжило.

 Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во врска со вчерашната пријава во СВР Тетово за сторено кривично дело „Примање на поткуп при гласање“ преземени се мерки и активности за расчистување на случајот.

На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и од невладини организации, забележително е и присуство на припадници на полицијата.

Првичните резултати од гласањето се очекува ДИК да ги соопшти на прес-конференција во 21.30 часот.

ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*