Home / Колумни / Година на изгубени надежи

Година на изгубени надежи

                       

            Годината која пред неколку дена  стана минато и која  ја архивиравме, најголемиот број од граѓаните на Битола ќе сакаат што побрзо да ја заборават.

            Минатата  2023 година ќе остане единствено запамтена по стравотиите и ужасните страдња што им ги донесе на народите од светот.

            Војната помеѓу Русија и Украина, која многумина мислеа дека ќе трае само неколку недели,  а која  трае веќе речиси две години, а во годината која наскоро ќе ја испратиме почна војната помеѓу Израел и Палестина, која по ужасите и страдањата која му ги донесе на Палестинскиот народ ги надмина сите војни досега, па дури и и страдањата         на  Евреите и Јапонците од Хирошима и Нагасаки, врз кои во Втоарата светска војна  беа испалени и атомските бомби.

            И намсто светските лидери да се прашаат каде оди или каде го водат светот, тие со своите политики не само што не се изборија за мирно решавање на  војната меѓу Русија и Украина и Израел и Палестина, туку  со своите непромислени политики и одлуки   што ги презедоа, “гаснејки” го огнот со  бензин, уште повеќе  придонесоа борбите да се шират, а жртвите да  станат статистичка бројка.

            Доколку не преовлада разумот лесно може да се случи човештвото да се соочи и со проширување на војните и меѓу други држави. Светот се наоѓа пред вистински амбис, а решение не само што не се гледа, туку за спречување на војната во Украина,Израел и Палестина не се повеќе оптимисти ни во Советот за безбедност на Обединетите нации, каде врз секоја Резолуција за прекин на војните следуваат вета, од Русија или САД.

            На годината  која  за неколку дена ќе стане минато, освем по некои свои лични успеси и победи  и граѓаните на Македонија не ќе можат да се сеќаваат по многу  убави нешта.

            Државата се соочува со тешка економска и политичка  криза, во која најголемиот број од граѓаните  спасот го бараат  во помош од Владата.

            За секој свој проблем тие се обраќаат до Владата и бараат помош за решавање на нивните  проблеми.

            И покрај тоа што Владата настојува со мерките кои ги донесе, ако не да ги реши, тогаш барем да ги ублажи проблемите на граѓаните, сепак во тоа тешко може да успее, бидејќи и Владата е таа која бара помош од банките и Европските фондоби за надминување на финансиските и политичките проблеми  со кои се соочува веќе неколку години, почнувајки со пандемијата, енергетската , па сега веќе и економската криза.

            Иако Владата на почетокот на годината искажуваше оптимизам дека ќе најде двотретинско мнозинство за почеток на преговорите за влез во ЕУ,сепак опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ остана доследна на својот став да не гласа за влезот на Бугарите во Уставот. Како и ВМРО ДПМНЕ така и Брисел не го смени ставот да и дозволи на Македонија да  ги отпочне преговорите за  влез во ЕУ.

            Па така на само три дена пред истекот на годината Македонија остана таму каде што беше,на почетокот на годината,  во  Балканската крчма, пред вратата на ЕУ.

            По ваквиот расплет на работите сега останува граѓаните на Македонија да го чекаат  резултатот  од парламентарните избори и која партија колку пратенции ќе освои и дали новата Влада ќе успее да собери доволен број пратеници за почеток на преговорите.

            Но ако се знае дека идната година и во ЕУ ќе има избори, па така сосема е нејасно каков  ќе биде во Брисел распоредот на пратенциите за да може да се прогнозира дали ЕУ ќе остане на  условите за почеток на преговорите на овој состав на Европската комисија, или ќе се јави ново мнозинство  во Советот на Европа кое ќе  ги олабави преговорите, или пак истите уште повеќе ќе ги затегне.

            Но тоа е тоа и овој пат наместо разумот и политичката прагаматичност победија политичките суети и сега веќе нема назад.

            Како по Букурешт, така и сега самите  си го избравме патот по кој мора да чекориме за да стигнеме до Брисел.

            Кавгите, разијдувањата, суетите ја следеа речиси цела година  и работата на Советот на Општината.

            Во 2023 година советниците во Советот наместо да мислат да ги решат проблемите на граѓаните и да ги реализираат проектите кои тие ги усвоија, советниците речиси една година потрошија за меѓупартиски обвинувања и надмудрувања.

            Па така кон крајот на годината дојде до формирање на ново мнозинство Советот, во кое сега власта ја имаат донедамнешните љути политички ривали СДСМ и Поинаку, кои најавија сосема нови политики во Советот на Битола.

            При ваков распоред на силите треба да се очекуваат нови  блокади на сите предлози и проекти на градоначалникот Тони Коњановски, а новото мнозинство во Советот да се залага за реализација на програмите и проектите кои тие ќе ги предложат и поддржат.

            Со оглед на тоа што по Нова година  ќе стартуваат и кампањите за новите претседателски и парламентарни избори, треба да се очекува дека состојбите во Советот да  ескалираат и граѓаните да изгубат уште една година, која сепак скапо ќе ја платат.

            Но без разлика како ќе биде едно е сигурно. Сказалките на часовникот и натаму ќе вртат и ќе ја  одбројуваат новата  година од мандатот на овој Совет, во кој  сме сведоци на разно разни политички игри од кој најмногу зијан имаат граѓаните на Битола, со чиј глас дојдоа на власт.

            И во таква атмосфера Битолски весник на сите битолчани и особено на своите читатели им посакува Среќна и бериќетна Нова 2024 година и многу здравје и среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*