Денес на прес конференцијата Горан Степановски директор на Јавното претпријатие „Комуналец” Битола осврнувајќи се на прес конференциіата на СДСМ за работата на ЈП Комуналец ги демантираше како што рече лагите кои константно се насочени кон јавното претпријатие „Комуналец“ и изворно ги информираше граѓаните дека во ниту еден момент собирањето на сметот и извршуваьето на останатите обврски на претпријатието не е доведено во прашање.
„Еве уште неколку факти кои јасно и точно покажуваат кој не работел домаќински. Во 2018 година за репрезентации и спонзорства биле потрошени 3.900,000 денари. Во 2019 година – 4.800.000 денари. За разлика од овие расипнички трошоци во 2024 година се потрошени 1,300.000 денари – 3 односно 4 пати помалку од наведените години. Сакаме на јавноста да и предочиме дека наследивме и исплативме кредит од над 20 милиони денари во изминатите 2 години – што нормално влијаеше на целокупното наше финансиско работење-истакна на прес-конференцијата директорот Степановски.
Тој додаде дека ЈП „Комуналец“ може да се пофали со зголемените приходи во изминатите три години од околу 30 милиони денари и
поефикасна наплата на сметки дури за 82 проценти повеќе – односно над 155 милиони денари.
“Мораме да споменеме дека и овој период имаме помал број вработени, но, трошоците се зголемени со порастот на платите, а при тоа цените на услугите се непроменети безмалку триесет години. И на крајот сметам дека е чесно, советникот на СДСМ Николовски да им се извини на граѓаните за дрското манипулирање и изнесувањето лаги и невистини-рече на денешната прес-конференција Горан Степановски, прв човек на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола.