Со убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божиќ, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на Црвениот крст, Битола.
Градоначалникот Коњановски на сите нив им подари Божиќни подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите.
Тој внесе празнична топлина кај овие лица, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби.