Градоначалникот Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во Општината Битола со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници.
Од службата за Итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица-Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот Коњановски дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.
Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.