Во иднина непрописно паркираните возила во градот наместо ЈП “ Комуналец “ како што беше досега ќе ги подига јавното претпријатие за Градски паркинзи.
За да ја обавува оваа функција, на денешната седница на Советот беше донесена одлука со која пајакот, кој досега го користеше ЈП “ Комуналец “ без надомест да му биде остапен на “ Градски паркинзи “.