Home / Вести / Донација од 50 таблети за битолските ученици од Витаминка и ОХО продукција

Донација од 50 таблети за битолските ученици од Витаминка и ОХО продукција

ОХО Продукција како продуценти на играната ТВ серија „Преспав“ и генералниот спонзор на серијата, П.И. Витаминка А.Д., во рамките на своето општествено одговорно делување и во соработка со Министерството за образование и наука, покренаа донаторска иницијатива за донација на 50 смарт уреди погодни за следење на онлајн настава за ученици од социјално ранливи групи на територијата на Општина Битола.

   Донацијата  денеска во присуство на градоначалничката на Битола Наташа Петровска им беше поделена на учениците во ОУ „Елпида Караманди“ и во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица.

-Ова е одличен пример како бизнис заедницата го препознава моментот и врши надополнување на образовните капацитети, во овие тешки времиња, во кои заедништвото е многу важен елемент. Општина Битола на почетокот на учебната година им овозможи на училиштата да функционираат во он лајн наставата без проблеми, преку средствата наменети за компјутери, опрема и интернет. Но ваквите донации им помагаат на децата, особено од ранливите категории, полесно да го следат образовниот процес“, посочи градоначалничката Наташа Петровска.

Претставниците на ОХО Продукција истакнаа дека се особено среќни што можат да помогнат и таблетите да завршат во рацете на дечињата, на кои што им се најпотребни.

Дел од таблетите се наменети и за учениците во руралните средини, односно за учениците во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица. Директорката на училиштето се заблагодари на донацијата, затоа што во ова училиште има доста деца од социјално ранливи категории, така што помошта е повеќе од добредојдена.  

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*