Don't Miss
Home / Македонија / Граѓаните утре можат да пријават повреда на избирачкото право во канцелариите на омбдусманот

Граѓаните утре можат да пријават повреда на избирачкото право во канцелариите на омбдусманот

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре на денот на одржување на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следните телефонски броеви:  044 344-082 во Тетово, 034 329-996 во Струмица, 045 228-586 во Кичево, 047 242-310 во Битола, 032 389-701 во Штип  и 031 431-488 во Куманово.

Како што информрираат од Кабинетот на народниот правобранител, омбдусманот правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

– Народниот правобранител потенцира, дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, нагласуваат од Кабинетот на народниот правобранител .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*