Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски бара одложување на казната

Груевски бара одложување на казната

Поранешниот премиер Никола Груевски, односно неговите адвокати, во средата до Врховниот суд поднеле Барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, а воедно поднале и барање за одложување на издржување на затворската казна.

Груевски денеска го доби и упатниот акт според кој на 8 ноември треба самиот да се пријави во истражниот затвор „Скопје“.

Сепак можно е воопшто и да не стапне зад решетки, односно доколку Врховниот суд одлучи да му го одложи издржувањето на казната затвор, додека да донесат одлука по вонредното преиспитување на пресудата.

Врховниот суд на ваков начин од затвор го спаси екс премиерот Владо Бучковски, бидејќи му дозволи одложување на казната се додека се произнесат по поднесеното барање за вонредно преиспитување на пресудата.

Врховните судии одлучуваа цели две години, по што решија да ги укинат првостепената и второстепената пресуда, и случајот да го вратат од почеток. Затоа и по една деценија, на Бучкоски и ден денес му се суди во Кривичниот суд.

Доколку до 8 ноември Врховниот суд не се произнесе, тогаш Груевски ќе мора да влезе во затвор. Исто така Груевски има рок од три дена да поднесе молба за одлагање на издржувањето на казната до Кривичниот суд.

За молбата одлучува судија за извршување на санкциите, кој има рок исто така од три дена да донесе одлука. Доколку судијата не дозволи одложување, осудениот има право да се жали до Кривичниот совет на судот.

Шансите на Груевски да добие одложување од Кривичниот суд се минимални, бидејќи според Законот за извршување на санкциите се предвидени строги критериуми според кои еден правосилен осуденик има право да бара одложување на казната.

Па така, еден од условите со кои привремено може да се спаси од затвор е ако се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности, при што би требало на секои 30 дена да доставува доказ за неговата здравствена состојба.

Одложување од најмногу три месеци може да добие и ако недај боже се случила смрт или тешка болест во потесното семејство.

Доколку Груевски беше земјоделец, а не пратеник, тогаш без проблем ќе ќареше уште некој месец на слобода, бидејќи е дозволено одлагање поради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или друга несреќа, а под услов во семејството на осуденикот да нема доволно работна сила.

Во насока на одлагањето, екс премиерот можеби избрза со одбраната на докторатот, кое се случи пред неколку месеци, бидејќи можно е и одлагање поради завршување на училишната година или за полагање испит за кој осуденикот се подготвувал.

Одлагање може да се побара и во случај кога заедно со осуденикот во затвор треба да одат и неговата сопруга или други членови на семејството, па нема кој да ги издржува старите, болните или малолетните членови на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*