-Сето тоа се измислици, никогаш во животот не сум имал судир со законот и секогаш честа и угледот ми биле на прво место. Тоа беше смислена и лансирана кампања во моментот кога мојот углед беше ставен на проверка пред изборите. Беше злонамерно. Заев има измислено сценарио на една интензивна кампања за изнесување невистини и за повредување на мојот углед и чест. Невистини се дека сум татко на криминалот и дека сум зел 1, 5 милиони евра и сум ја оштетил државата се неплатем данок и сум ја продал Македонска банка. Тоа се измислици. Цел живот не сум имал никаков судир со законот. Во контакт со домашни пријатели и странство изјавата предизвика тешка душевна болка и вознемиреност поради бескрополозниот напад на мојата личност. Размислувава дали може да се смисли нешто потешко за уништување на нечија личнот, рече Груевски”, додавајќи дека не може да замисли потежок облик на клевета од овој.
Заев лично му постави најмногу прашања на Груевски, а најголем дел од нив за периодот кога Груевски дојде на чело на ВМРО ДПМНЕ и од кога, како што посочува опозицијата, датира аудио снимката.
Tagged with: аудио снимки измислици кампања