Don't Miss
Home / Uncategorized / Хеморагична треска е причината за смртта на пациентите од Гостиварско

Хеморагична треска е причината за смртта на пациентите од Гостиварско

Хеморагична треска предизвикана од хантан вирус е причината за смртта на  пациентите од гостиварско, покажаа резултатите од анализите. Останатите седум пациенти кои се заразени биле во контакт со починатите, но тие се надвор од животна опасност. Министерот за здравство Арбен Таравари преку фејсбук се обрати до јавноста. Вели дека ситуацијата е под контрола.
„Се работи за подобрата варијанта на хантан вирусот кој не се пренесува од човек на човек, туку само од глодари кои ги имало во средината каде се движеле починатите. Овој вирус спаѓа во групата на хеморагични трески, но ова е најлесната варијанта на вирусот“ – изјави Таравари.
Од почетокот на годинава на Клиниката за инфективни болести биле 4 пациенти примени со истата зараза, но кај нив не се јавиле компликации. Министерот Таравари вели дека надлежните ќе продолжат да ја следат ситуацијата.
Уште вчера екипи од Институт за Јавно здравје се на терен во с. Симница. Извршена е дератизација и дезинсекција во домовите и другите придружни објекти на починатите, а земени се мостри за анализа за водата за пиење. Надлежните извршиле и здравствена едукација на населениото за симптомите на болеста и превенција од истата.
 Во тек на денешниот ден, посочените стручни екипи заедно со агенција за храна и ветерина, ги продлабочија надзорите на пошироката околина, влучително и бачилото каде што престојувале дел од засегнатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*