Home / Вести / Хидросистемот “Стрежево” издвои 13.000.000 денари во деталната цевководната мрежа

Хидросистемот “Стрежево” издвои 13.000.000 денари во деталната цевководната мрежа

ЈП “Стрежево” – Битола   инвестира во делот на водостопанската инфраструктура.

Неодамна ова јавно претпријатие издвои над 200.000 евра или 13.000.000 денари , со единствена цел – реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работи за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.

          Во   “ Стрежево “ во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главниот  цевковод СР 11 ( Бистрица – Егри),  замена на дотраени цевки фи-500 mm со нови дуктилни цевки фи- 600 mm на траса од 600м во атарот на село Егри.

          -Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целос, вели директорот на ЈП “ Стрежево “ Менде Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*