Don't Miss
Home / Вести / Хотел “Битола” мета на крадците

Хотел “Битола” мета на крадците

                      

Сликата навистина не само што е тажна, туку е во најмала рака грозна и морничава.

            Некогашниот хотел “ Битола “ кој веќе подолго време е оставен на милост и немилост и на забот на времето, деновиве наликува како врз него да паднале десетици дронови  со кои Израел ја бомбардира Газа во Палестина.

            Битола треба да се срами во каква состојба се наоѓа овој некогаш реномиран хотел.

            Откако беше “затворен “ и насила беа избркани не само сите вработени, туку и сите станари кои домуваа во хотелот,  хотелот буквално беше оставен на милост и немилост.

            Тој деновиве буквално е целосно “отворен “ и во него најчести “гости” се бездомниците и крадците кои буквално украдоа се што можеше да се укради.

            Отворени врати, искршени прозорци, демолирани скали, тавани, украдени железа, кабли, електрични инсталации, врати, прозорци, кревети, шкафови, маси, столици, кујни прибор…

            Тоа е сликата каква што деновиве забележавме со нашиот објектив во хотел “Битола”.

            Неодамна кога  Здружението на пензионери и локалната самоуправа побараа од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да им биде отстапен  хотелот на управување, од таму стигна негативен  одговор дека Фондот истиот ќе го стопанисува или продава.

            Но ништо од тоа.

            Хотел “Битола” е оставен  на милост и немилост без да биде заштитен да биде лесна мета на крадците.

            За разлика од надлежните државни институции, кои “спијат”, крадците не спијат и буквално однесоа се што можеше да се однеси од хотелот.

            Сега тој едноставно е ничиј, бидејќи никој не се грижи за негова заштита.

            За жал засега нема ни трага ни глас од сопствениците на хотелот, Пензискиот фонд.

            Навистина жална слика за хотелот Битола, од  која треба сите ние битолчани да се срамиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*