Home / Uncategorized / И шеснаестгодишњак позитивен на ковид 19

И шеснаестгодишњак позитивен на ковид 19

                                   

            Меѓу шестемина заразени од ковид 19 во Битола денеска има и  еден 16 годишњак.

            Тоа е уште една потврда дека вирусот се шири во Битола, не само кај возрасните туку и кај младите лица.

            Од шестемина инфицирани другите петмина се на возраст од 31,65,70,71 и 73 години.

Тоа што ги загрижува битолчани е што четворица позитивни на ковид 19 не знаат од кои и како се заразиле и не даваат податоци за контакт со позитивно регистрирано заразено лице, а  2 лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери.

Инаку вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.

Тоа што ги вознемирува битолчани е што во периоодот кога Битола беше град без позитивни лица дури и по 14 дена од страна на кризниот штаб се преземаа мерки за дезинфекции на улиците, станбените згради, установи, институции, се дезинфецираа сите возила кои влегуваа од Прилеп и Охрид, а сега кога во Битола има по над 5 позитивни лица  тие рампи не работат.

Во Битола голем број граѓани не ги почитуваат мерките за заштита, мал број носат маски, а кафулињата на Широк Сокак се преполни со гости, кои не држат дистанца и масите не се поставени на определеното растојание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*