Home / Вести / Игри без граници

Игри без граници

                       

        Интеграцијата на Македонија во европското семејство се повеќе  потсетуваат на “Игри без граници”.

        Колку што повеќе се приближува денот кога во Португалија треба да се одржи меѓувладината седница за почеток на преговорите, толку повеќе Македонија се оддалечува од стартот на преговорите.

        Кога станува збор за интеграцијата на Македонија во ЕУ се чини дека таа наликува на невозможна мисија.

        На секои шест месеци, кога се сменуваат земјите претседавачи со ЕУ,  на  Македонија и се испорачуваат нови услови, кои најблаго речено  не само што не се прифатливи, туку предизвикуваат гнев и отпор и кај најголемите пропагатори за влез во ЕУ.

          Деновиве дури и премиерот Зоран Заев, кој јавноста го доживува како политичар и човек кој е подготвен на сериозни остапки не можеше да премолчи а да не изјави дека на Македонија не и треба интеграција во ЕУ по цена да се откаже од својот јазик и идентитет.

        Навистина е несватливо (не)демократското однесување на најголемиот број од земјите членки на ЕУ, кои заробени од востановената пракса одлуките во ЕУ да се донесуваат со консензус  на  сите земји членки, не гледаат дека таквите политики нашите соседи ги злоупотребуваат до бескрај и настојуваат по секоја цена не само да ја омаловажат туку и да ја понижат Македонија.

        Додека сме сведоци на затворање на некои европски држави дури и со бодликави жици и со крајно националистичко однесување во зачувувањето на своите национални и државни интереси, од Македонија се бара да исполнува услови кои било која африканска држава  не би ги исполнила.

        Речиси три децении од Македонија, по нејзиното осамсотојување се инсистираше дека доколку сака да ги почне преговорите за влез ви ЕУ, мора да се откаже од своето уставно име, за кое на Референдумот во 1991 година плебистицарно се изјасниа над 95 отсто од граѓаните.

        И кога по деценински тешки и болни  преговори со помош на посредникот Метју Нимиц во Преспа, Макеоднија со горчина во душата реши да се откаже од своето уставно име и да го потпише Преспанскиот договор,  сега пред државата се испречи новиот сосед Бугарија, која инсистира на препрочитување на историјата и негирање на се што било Македонско пред 1945 година.

        За Бугарија практично Македонија постои како Коминтерновска творба од 1945 година.

        Се што било пред тоа најблаго речено било  Бугарско, а граѓаните кои живееле во тоа време биле самосвесни Бугари.

         Тоа што Бугарија инсистира на вакви услови и барања иако не ми никако  сфатливо, сепак можам до некаде да го разберам од проста причина  што Бугарија од секогаш го негирала постоењето на македонскиот народ, историја, култира, или јазик.   

        За Бугарија јавна тајна е дека Македонија е Титова вештачка творба и Коминтерновска држава,  формирана  во 1945 година.

        Таквото свое мислење и сфаќање Бугарија го практикува и сега, кога на сите млади Македонци, кои поради егзистенцијални проблеми  не можат да се снајдат(читај вработат) во својата држава и бараат бугарски пасоши за да ја напуштат Македонија,инсистира  на нотар  тие се декларираат дека се  Бугари и дека имаат бугарски корени.

        Ако Бугарија злоупотребувајќи ја своата позиција на држава членка на ЕУ, на отворена врата ги практикува своите  асимилаторски политики кон обичните Македонски  граѓани, никако не можам да го разберам однесувањето на  Европа, која сето тоа не само што немо и безгласно го  следи, туку и го одобрува.

        За Европа проблемот со блокадите на Македонија  на патот кон Брисел  не се нејзин проблем, туку бил билатерелаен. Европа инсистира земјите кандидатки за членство во ЕУ пред да влезат во европското семејство да ги решат сите билатерални прашања со соседите.

        Доколку тоа  е така, тогаш се поставува прашањето како истата таа Европа ја прими Хрватска во ЕУ, без да се реши спорот со Словенија околу територијалните погранични води и инсистираше тој да се решава на Арбитражен суд, или зошто и дозволи почеток на преговорите на Србија и Црна Гора  кои немаат решено ниту еден спор со соседите.

        На патот до Брисел Макединија  со смената на уставното име плати мошне висока цена.Иако смената на името не беше лесно, сепак откажувањето од сопствениот јазик и идентитет  е навистина претежок услов, кој тешко кој може да го исполни.

        Во една таква ситуација, кога Македонија повторно е блокирана  на патот кон Брисел, македонските политичари треба да сфатат дека  евроинтеграциите на Македонија, за кои постои целосен консензуз не е само партиско прашање.За решавање на овој проблем  потребен е консензус на сите политчики партии и граѓани, кои треба да се договорат  до каде можат да одат со своите попустливи политики.

        Во спротивно нема ништо од влезот на Македонија во ЕУ.

        А како што изјави и  Заев влез во ЕУ по цена на откажување од јазикот и идентитетот е неприфатлив не само за него туку и сите граѓани кои живеат во Македонија, а кои сеуште не мислат да ја напуштат како  Бугари.      

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*