Home / Вести / Игри на кои сите беа победници

Игри на кои сите беа победници

                       

Деновиве во организација на  Здружението на пензионери Битола се одржаа  Регионални спортски игри , на  кои  учествуваа Здружнијата на пензинери на  Битола, Прилеп, Крушево, Демир .Хисар и Ресен.

Над 177  пензионери спортисти, од овие градови  се натпреваруваа во  11 спортски дисциплини.

Поздравувајки ги  учесниците на спортските игри на пензинери претседателката на ЗП Битола Даница Петличкова меѓу другото рече:

-Организирањето на спортот и спортските активности  преставуваат важна програмска активност на Здружението на пензионери Битола ,кои секоја година ги планираме во програмата за работа .

Денес фразата ,,доживотна физичка активност,, повеке не е празна фраза , туку е мошне забележлива реалност, иако не секој припадник на третата доба е вклучен во физичката активност со интензитет  што го препорачуваат научниците и лекарите.

Факт е дека се развија нови животни стилови и навики на стареење. очекуванњата на постарите луѓе  поврзани со начинот на живот,односот меѓу околината и општеството,а потоа и од очекувањата од вежбањето и спортувањето значително се променија во последните години, благодарение на напредокот на медицината, продолжувањето на животниот век и зголемената активност.

Сепак вклученоста на повозрасните во спортските активности уште не е толку голема колку што се проценува дека е потребно и корисно. Имено во зрела возраст интересот за физичка активност и спорт  од ден на ден се зголемува ,а се  зголемува и свесноста за неговото значење.

Иако современото општество изгради несоодветна слика за постарите лица, а сепак од оваа перцепција произлегува потребата да се најдат начини да се спречат, или барем да се одложат несаканите ефекти од стареењето. Во оваа конотација спортот природно се појавува како најсоодветна алатка во третата доба .

Овие  спортски игри не се престиж за Зруженијата, кој ќе победи и кој ќе биде прв,  туку важно е   да се учествува и се да покаже дека  во третата доба,пензионерите се  полни со елан за дружење, подготвени   да  си ги одмерат спортските  сили да создаваат познанства, пријателства и другарување.

Пензионерските игри не се обичен спорт за пензионерите  Тие се празник за душата .Спортската активност го јакне човечкиот организам  и им го    продолжува векот и здравјето и влијае на побавно и поздраво стареење без разлика на годините.

Денес нашите пензионери од  Третиот   регион сплотени се и  расположени  за натпревар и одмерување на спортските  сили. На крајот на спортистите им посакувам успех добри  и фер спортски резултати. Нека победи најдобриот,  а на сите гости им посакувам пријатен престој во нашиот град,  тука под Тумбе кафе.

Присутните пензионери спортисти  ги поздрави и градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стефановски, кој  им порача:

-Во името на сите градоначалници од Пелагонискиот регион ја имам таа чест да ве поздравам пензионерите од Пелагонискиот регион и да ви посакам  убаво да се чуствувате  на овие спортски игри во Битола.

  Вие пензионерите  за нас помладите сте многу важни. Ние  учиме од вашите искуства и мудрости. Со спортскиот дух и елан кој го поседувате ви посакувам  успешни и фер натпревари. Нека победи најдобриот.

Регионалните спортски игри во Битола ги отвори преседателот на Собранието на СЗПМ Илија Адамовски, кој  прогласувајки ги игрите за отворени рече:

-Оваа манифестација е организирана под покровителство на СЗПМ и е една од активностите на програмата на СЗПМ. Ние пензионерите од третата доба сме должни да се грижиме за нашето здравје и дружење и само на тој начин ќе одговориме на нашето живеење. И ке поврзам со мислата, Во  здраво тело ,здрав дух,,Сите пензионери поединечно и групно  што учествуваат во овие спортски натпревари се победници.

 Инаку на игрите  Здружението на пензионери Битола освои 5 први места и  тоа во трчање на 80 метри за мази  до 60 години

-трчање на 80 м . мажи  над 60 год

-Шах мажи

-Пикадо мажи

– Домино мажи

Екипен победник на Регионалните  спортски игри во Третиот регион беше ЗП Прилеп кои освоија 12 први места ,Крушево 2 први места, Ресен 2 први места и Д. Хисар 1 прво место 

Победниците на игрите  ќе учествуваат на Републичките спортски игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*