Don't Miss
Home / Uncategorized / Илиоски најави нови 3 кружни текови

Илиоски најави нови 3 кружни текови

Во нашата Програма за Битола предвидуваме неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на емисијата на штетни издувни гасови од моторните возила.

Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици.

Ќе изградиме три нови кружни текови

На крстосницата кај Техничкиот факултет

Кај Клиничката болница и

Ветеринарната станица

Ќе направиме велосипедски патеки на улиците : Васко Карангелевски,Партизанска,Булевар Први Мај

Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи .

Се што ќе правиме , ќе правиме отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со вас, почитувани Битолчани. Битола е на сите, изјави кандидатит за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*