Don't Miss
Home / Uncategorized / Вработените во Општината пресреќни од победата на Наташа: Имало спас!

Вработените во Општината пресреќни од победата на Наташа: Имало спас!

Имало спас!

Со овие зборови ме дочекаа денеска група вработени во Општинската админстрација на излегувањето од Онсовниот суд во Битола, со кои по речиси 8 месеци откакао Талески ја прекина соработката со Битолски весник прв пат се видовме.

Имало спас, ни велат. Знаеме дека не многумина им беше тешко од тандемот Талески-Бончановски, но верувајте нас ни беше најтешко.

Од начинот на кој тие ја водеа општината сите се разболевме.

Талески идеше на работа секој ден по 12 часот и откако брзо ќе смислеше некој настан за да се слика, не го гледавме повеќе.

Како ги смислуваше и проектираше проектите само ние знаеме.

За тоа време Бончановски, кој беше градоначалник во сенка вршеше вистински терор врз нас. Едноставно се изживуваше правејки се дека тој,а не Талески е  градоначалник.

Па кога дојдоа истрагите, едноставно не зневме кај ни е главата од секојдневни тормозења. Буквално се изживуваа со нас.

Затоа едвај чекавме да дојдат изборите и да си заминат. Доколку само уште некој ден останеа сите ние нервно ќе попуштевме ни изјавија денеска вработени во Општинската админситрација, со кои по подолго време денеска се видовме пред Основниот суд во Битола, каде што како тужител во случајот со Б-97 требаше да се појави тужителот  Талески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*