Home / Вести / Осум 8 години затвор за Талески и 6,5 за Бончановски за случајот „Транспортер“

Осум 8 години затвор за Талески и 6,5 за Бончановски за случајот „Транспортер“

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се осудува на казна затвор во траење од 8 години за злоупотреба на службената положба и овластување за случајот „Транспортер”. Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Судијката Добрила Кацарска која ја водеше постаката пред изрекување на пресудата рече дека судот при одлуката ги земал предвид доказите и на обвинителството и на одбраната, но и отежителните и олеснителните околности.

Според Кацарска отежителни околности се видот, карактерот и тежината на кривичното дело и степенот на прибавената имотна корист која оди директно кај нив, а олеснителни околности, дека се неосудувани, дека не се водат други постапки, како и нивната возраст и семејната состојба.

„Градоначалникот треба домаќински да се грижи за парите на општината. За правните лица постои застареност од кривично гонење, одбраната посочи дека нема умисла, но судот смета дека тие биле свесни и го сакале извршувањето, свесни дека ќе настапат штетни последици, но сепак го спроведуваат тоа. Кај дел од обвинетите, станува збор за евентуална умисла, при што треба да се следи фактот дека се тие директори и професори, но не може да се каже дека тие не ја знаеле постапка. Тие иако не ги добиле сите документи, доброволно ги потпишувале договорите”, појасни Кацарска пред изрекување на пресудата.

Сите докази до детали ќе бидат образложени во писмената првостепена пресуда на која странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по нејзиното добивање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*