Don't Miss
Home / Uncategorized / Како беше изградена Империјата “ Орбис“

Како беше изградена Империјата “ Орбис“

                  

          Нов сопственик на зградата на ТВ “ Орбис “ е фирмата “Интерворкс” од САД.

          Оваа фирма, чие седиште е во САД, која се занимава со ИТ компјутерска технологија, деновиве преку извршител ја купи зградата на ТВ “Орбис”, која беше ставена под хипотека во Шперкасе банка.

          Според извори на Битолски весник  објектот на ТВ “Орбис”,  е продаден за нешто помалку од еден милион евра, колку што последниот пат беше проценет од вештите лица и по која цена  беше понуден од страна на извршителот на продажба.

          “Интерворкс” е компанија основана во 2004 година во Битола со повеќе од 140 вработени, која работи аутсорсинг на софтверски услуги и изработка на решенија за реномирани клиенти од Европа и Америка. Во  оваа компанија велат дека во нејзините канцеларии во Битола, Прилеп и Скопје, се создаваат  нови бизнис модели за лидерите на светските пазари во областа на телекомуникациите, енергетскиот сектор, финансиите, здравството, банкарството, образованието, медицинскиот менаџмент и  други индустриски гранки.

 Компанијата работи со најновите интеграциски технологии како МулеСофт, СнапЛогиц, ТИБЦО, а има големо искуство во областите на АИ, Мацхине Леарнинг, Биг Дата, Мицрософт, ПХП, Мобиле Девелопмент, АЊС Цлоуд, Дата Манагемент, Бусинесс Суппорт, анд ДевОпс.

          Инаку зградата на ТВ “ Орбис “ беше нелегално изградена и долги години  беше див објект, кој претходната локална власт, кога на градоначалничката функција се наоѓаше екс градоначалникот Владимир Талески  не го сруши.

          Подоцна  телевизијата  со Законот за легализација беше легализирана.

          Инаку ТВ “ Орбис” која беше милениче на претходната власт  на ВМРО ДПМНЕ беше една од телевизиите кои најмногу добиваа средства од  Владата на Никола Груевски и општинската каса на Битола и битолските јавни претпријатија, каде се “ истураа“ тешки милиони денари.

          Иако таа важеше за една од  финансиски најмоќните  локални битолски телевизии,  веднаш по смената на власта на ВМРО ДПМНЕ, под чудни околности, како и ТВ Мега престана  да зрачи програма и замина во стечај.

          Објектот на телевизијата беше ставен под хипотека во “Шперкасе банка” за кредит од  14 милиони денари (230.000 евра), која откако не успеа да си ги наплати побарувањата ја даде на продажба преку извршител.

          По неколкуте неуспешни продажби деновиве објектот беше продаден на фирмата “ Интерворкс”, која, како што дознаваме  откако не успеа да обезбеди парцела за изградба на свој деловен простор во битолската Касарна, одлучи да го купи објектот на “Орбис”.

          Инаку изградбата на објектот на ТВ “ Орбис” го следа големи контраверзи, бидејќи тој нелегално беше изграден во дворот на Здружението на возачите во  Брусничката населба, каде беше предвидено да се изгради и полигон за полагање возачки испити и картинг патека.

          По легализацијата на објектот, кој требаше да наликува на Пинк телевизија дел од објектот беше адаптиран во хотел, кој исто така беше адаптиран под чудни околности, со средства за развој на туризмот на рурални места.

          Претходно  во овој објект требаше да биде дислоциран еден од факултетите на Унивезритетот за угостителство и менаџмент од Скопје, но од тоа не стана ништо.

Во објектот на голема беше рекламирано дека ке с есмести дел од фирмата на Семос.

          Битолската јавност никогаш не дозна од кои рекламни услуги  и спонзори беше изграден објектот на ТВ “ Орбис”., кој сопстевникотна телевизијата го процениваше на 3,5 милиони евра.

          Но упатените во работењето на оваа локална телевизија тврдат дека најголемиот дел од средствата кои се сливале на жиро сметката на ТВ “ Орбис “ биле од владини и партиски реклами, како и од буџетите на Општина Битола и јавните претпријатија.

           

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*