Don't Miss
Home / Вести / Исплатени 1. 170 000 денари за 52 Здруженија на граѓани

Исплатени 1. 170 000 денари за 52 Здруженија на граѓани

Општина Битола ја заврши исплатата на 1.170. 000 денари кон здруженијата кои аплицираа на јавните повици објавени од општината во јуни годинава.

Со потпишувањето на исплатата на средствата од страна на градоначалникот Коњановски, поддржани се проектите од преостанатите 25 здруженија на граѓани во вредност од 490.000 денари, а со 680.000 денари поддржани се спортските здруженија, кои сеуште ги немаа добиено одобрените средства.

Јавните повици за доделување на финансики средства од буџетот на општината на здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2021 година, беа објавени во јуни, а финансиските средства беа доделени од страна на комисијата за финансии и буџет од претходниот состав на општинскиот Совет врз основа на исполнетоста на критериумите од соодветниот јавен повик.

Средствата кон дел од здруженијата беа исплатени во месец август, а со завршувањето на сегашната исплата, овозможен е еднаквен пристап кон сите здруженија, без селективност во изборот, согласно донесената одлука од надлежните комисии, информираат  од Општината Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*