.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Иста администрација различни бројки!

Иста администрација различни бројки!

       

          Во минатиот период во доста голем број случаи сме биле сведоци на различни толкувања на информациите  и бројките искажани на седниви на Општинските комисии и Советот на Општината од страна на власта и опозицијата.

        Најчесто за опозицијата бројките кои ги презентира власта не се реални и  обратно.

        Но ретки се случаите кога од една иста администрација  двајца вработени  презентираат различни бројки и податоци.

        Така на последната седница на Комисијата за финансии и буџет бевме сведоци на еден  најблаго речено преседан и несекојдневен случај.

        Имено според Извештајот на  вработената во службата за финансии на Општината Битола, Наташа Лукич, КК Пелистер во минатата сезона остварил добивка од 18.380 денари.

        Наспроти Лукич, раководителката на финансии и буџет,  Благица Талевска состојбата во КК Пелистер не е баш таква, туку дека Кошаркарскиот клуб Пелистер во минатата година покажал загуба од 8 милиони денари.

        Ова е прв пат две службенички, вработени во општнската администрација за  иста тема да кажуваат различни бројки.

         Инаку на седницата на Комисијата за  финансии и буџет претседателката на Советот на Општината Габриела Илиевска незадоволна од тоа што  на седницата не присуствувашесопственикот на  ФК Пелистер, Пеце Стојчевски, истакна дека доколку во иднина до Советот на Општината не се доставуваат поцелосни и комплетни информации за трошењето на општинските пари тие  како советници на Поинаку ќе ја откажат поддршката за финансирање на спортските клубови ФК Пелистер и КК Пелистер.

        Инаку на истата седница од РК Еурофарм Пелистер побараа нови дополително 2.500.000 денари затоа што до клубот пристигнале побарувања во толкав износ по разни извршни решенија  кои пристиганел по потпишувања не Договорот за преземање на клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*