Don't Miss
Home / Култура / Италијанскиот диригент Алесандро д’Агостини ќе диригира со Камерниот оркестар на концертот “Вечер на пијаното”

Италијанскиот диригент Алесандро д’Агостини ќе диригира со Камерниот оркестар на концертот “Вечер на пијаното”

В недела, на 26 овој месец, во големата сала на Центарот за култура- Битола, познатиот италијански диригент маестро Алесандро д’Агостини ќе диригира со битолскиот камерен оркестар на целовечерен концерт насловен “Вечер на пијаното”.

На концертот ќе бидат изведени дела од Бах, Шопен и други светски познати композитори.

-Како што е познато Камерниот оркестар на Битола годинава функционира во партнерство со нашата национална установа и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола. Новата есенска музичка сезона продолжува со целовечерен концерт за клавир и оркестар, и ќе биде под диригентската палка на маестро Алесандро д”Агостини, диригент од Италија кој има импозантна кариера со познати оперски куќи низ матичната и други европски држави- информира првиот човек на Центар за култура- Битола, Борче Димитровски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*