Don't Miss
Home / Македонија / Иванов: Да ги жртвуваме личните за државните интереси

Иванов: Да ги жртвуваме личните за државните интереси

Треба да градиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси, рече претседателот Иванов и повика дијалогот да биде воден „во институциите, а не во амбасадите“.

-Поддршката да ја бараме од граѓаните, а не од меѓународните фактори“, порача македонскиот претседател.

Иванов својот говор го посвети на неодамна постигнатиот договор меѓу четирите водечки партии во земјата кој треба да стави крај на речиси двегодишната политичка криза.

-По долго време и исцрпувачки преговори, постигнат е договор за надминување на политичката криза. Со помош на меѓународните посредници, лидерите на политичките партии се договорија за предвремени парламентарни избори. Го поздравувам овој договор што македонските граѓани го дочекаа со оддишка“, рече Иванов.

Но истовремено шефот на државата предупреди дека по постиганиот договор следува потешкиот дел.

-Тоа е да се исполни договореното и да се одржи дадениот збор. Токму сега е време за воздржаност и за одговорност, од што зависи не само разврската на кризата, туку и иднината на Македонија“, нагласи Иванов.

Потсети дека за како што за иднина е потребно единството, така и за единство е неопходно помирувањето, додавајќи дека до него може да се дојде само со жртвувања.

-Денеска, на ден Илинден, во името на нашите херои од минатото, но и нашите деца, кои се херои на иднината, ве повикувам да ги жртвуваме личните заради општите интереси, теснопартиските заради државните интереси. Да изградиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси. Ве повикувам дијалогот да го водиме во институциите, а не во амбасадите. Поддршката да ја бараме од граѓаните, а не од меѓународните фактори“, порача Иванов

Ги повика партиите, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница, и партиите да се воздржат од непризнавање на волјата на граѓаните ога ќе изгубат избори, но и од игнорирање на неистомислениците тогаш кога ќе добијат на избори

Со цел враќање на политичката стабилност во земјата, Иванов ги повика граѓанските здруженија и движења, но и интелектуалците, да се воздржат од цинизам и демонизирање на оние со кои не се согласуваат, а новинарите да бидат чувари на вистината и совест на општеството, а не да шират паника, страв и сензационализам.

Иванов упати порака  и до меѓународната заедница, и ги повика европските и евроатлантските партнери да не ги користат последиците од блокадите како причина за нови блокади.

-Како што блокираната европска и евроатлантска иднина придонесе да се блокираат политичките процеси во Македонија, така деблокадата на интеграциите ќе ја врати стабилноста. Ги повикувам да го почитуваат меѓународното право во случајот со Македонија, рече Иванов.

Само со заземање на заслуженото место во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Европската унија, македонските политички елити ќе ја научат културата на дијалог и компромис, порача претседателот на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*