Поради огромниот интерес кој владее за “Изборот на најуспешните битолчани за 2019 година“ во организција на Битолски весник редакцијата на Битолски весник, во договор со сопственикот на телевизијата одлучија, како и во сите изминати години инастанот директно да се пренесува на ТВ “ Тера“
Преносот ќе почне во 20 часот со повремени вклучувања од салата Вавилон,а во 21 часот ќе почне официјалнотои прогласување на најуспешните.
Инаку салата Вавилон која собира 800 гости е веќе распродадена уште пред две недели.
Сите 800 влезници се продадени.
Деновиве во Битолски весник се бара влезница повеќе, но за жал влезници повеќе нема.
Инаку на Изборот на најусепшните ќе присуствуваат голем број гости, како од земјата така и од странство.
На Манифестацијата ќе присуствуваат бројни новинарски екипи, како и делегации на ЗНМ и Асоцијацијата на печатени медиуми, чија членка е и Битолски весник.
По официјалното прогласување на најуспешните во ресторанот Вавилон ќе се одржи спектакуларна забава, која ќе трае до раните утрински часови.
Годинава за признанијата на Битолски весник конкурираа над 120 кандидати, што е најдобра потврда за големиот интерес кој владее во Битола за оваа Манифестациј.
Покрај 15-те награди по категории ќе бидат доделеени и петнаесетина награди како посебни признанија.
Инаку генерален Покровител на Манифестацијата “Избор на најуспешните битолчани 2019 “ германската компанија “ Кромберг и Шуберт“ а генерелане спонзор на истата е Стопанската комора на Македонија и претседателот Бранко Азевски, кој ќе ја врачи наградата во областа на стопанството.