Don't Miss
Home / Македонија / Изгласани новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски

Изгласани новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски

Со по 71 глас „за“, Собранието денес ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски за нови министри во Владата.

Чавков е нов министер за внатрешни работи, додека Мисајловски ќе застане на чело на Министерството за траспорт и врски.

Изборот на Чавков и Мисајловски доаѓа по оставките на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за траспорт и врски, Миле Јанакиески, а по предлог на премиерот Никола Груевски.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*