Во рамките на настанот по повод обзнанувањето на крајот на грејната сезона, кој се одржа во Комбинатот на РЕК ” Битола “, Битолски весник, кој в сабота на 29 април слави 59 години од излегувањето на првиот број и кој од наредниот број почнува да ја испишува историјата од своето 60 годишно континуирано излегување, организираше изложба на насловни страници од поставувањето на камен темелник во РЕК “Битола ” па се до денес.
На изложбата се поместени над 200 насловни странции со прилози за историјата на РЕК “Битола “.
Битолски весник, кој е вистински хроничар на Битола, во својата архива ги има сите испечатени весници од 29 април 1964 година па се до 2023 година.
Во Архивата на Битолски весник се наоѓа и огромна архива за работењето на РЕК ” Битола “од идејата за изградба на Комбинатот во 1974 година па се до денес.
Тоа е непроценливо богатство од историјата на Битола, какво што освем Библиотеката ” Св. Климент Охридски ” и Државниот архив нема никој друг во градот.