Don't Miss
Home / Вести / Кај Сребрена вода се загушија двајца битолчани

Кај Сребрена вода се загушија двајца битолчани

                       

        Местото викано Кисела вода, во близината на селото Крстор однесе уште два животи.

        Според СВР Битола  во  16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица.

За настанот е известен јавен обвинител.

 Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола.

 По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Битолската полиција ги негира наводите изнесени во некои социјални медиуми дека жртвите ги изгубиле своите животи во пожар.

Инаку на ово порано култно излетничко место за битолчани досега животот поради труење го имаат загубено  десетина битолчани, но и покрај сите предупредувања ова место никогаш не се заштити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*