Македонската претставничка на натпреварот на песна на Евровизија, Калиопи, во четврток вечер не успеа да се пласира во финалето на ова музичко натпреварување.
Калиопи настапи осма по ред, со песната „Дона“, чии автори беа таа и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
Во втората полуфинална вечер настап во финалето во сабота обезбедија Србија, Бугарија, Полска, Грузија, Австралија, Израел, Белгија, Летонија, Украина и Литванија.