Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик се продолжува и место 14 дена ќе изнесува 21 ден, одлучи Владата.
– На државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус ковид-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија – соопшти Владата.
На денешната седница беше донесена и одлука во државен карантин да се сместуваат и наши државјани вратени од странство со конвои по копнен пат, а не само оние кои се враќаат со хуманитарни летови како што беше досега.