Каталонскиот регионален парламент изгласа да прогласи независност од Шпанија, објави Би-би-си.
Каталонскиот парламент попладнево изгласа формирање на независна република, спротивставувајќи се на шпанската влада која се очекува да го отпушти претседателот на регионот и да наметне директна власт во следните неколку часа, пишува Гардијан.
Гласањето за незавиност го бојкотираа пратениците на опозицијата.