Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирацовски:Неопходна дистинкција за 27 април

Кирацовски:Неопходна дистинкција за 27 април

Во врска со најаванета амнестија за учесниците во настанаите на 27 април генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски изјави дека е неопходно потребна  дистинкција  и мора да се направи разлика меѓу организатори, нарачатели и оние кои само се заведени да учествуваат а притоа не извршиле насилство.

 „Прави динстикција помеѓу две групи кои влегле во Собранието, односно разлика меѓу оние кои иницирале, нарачале или организирале насилиле и оние кои биле заведени да бидат дел од истото.“ – изјави Александар Кирацовски СДСМ.

 За сега останува непознато и дали воопшто ќе има преквалификација во делата и процесите, бидејќи обвинителката Русковска се уште не знае што точно содржи законското решение. Владиниот став пак во врска со Законот за амнестија како и барањата на дел од затворениците во македонските затвори да бидат амнестирани неодамна го изнесе и пемиерот Заев а денеска уште еднаш го потврди и министерката за правда Десковска која рече дека Законот го изготвуваат пратениците во Законодавниот дом и дека јасно се знае која е неговата немена. Односно дека општ закон за амнестија веќе е донесен а новото законско решение се однесува само за настаните од Крвавиот четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*