Don't Miss
Home / Спорт / КК Пелистер останува прволигаш

КК Пелистер останува прволигаш

На неполна недела пред стартот на сезоната, екипата на Пелистер доби потврда од МКФ дека ќе игра во Првата македонска кошаркарска лига.

Битолчани заедно со Вардар испратија барање за проширување на лигата на 12 екипи уште во јули, но се до понеделникот беше неизвесно дали тоа е прифатено. Предност добија ФМП и Шкупи, а откако ФМП ја одби поканата, стана јасно дека Пелистер ќе остане во елитата иако минатата сезона испадна.

Поради неизвесноста Пелистер досега тренираше само со домашни кошаркари, па на три дена пред почетокот на првенството тимот уште не е комплетиран.

-Со тренинзи почнавме на 17 август, одигравме и неколку пријателски натпревари и сметам дека подготвени го дочекуваме почетокот на првенството. Малку сме хендикепирани во однос на составот бидејќи се подготвувавме само со домашни кошаркари, но не смееме да се жалиме бидејќи за противник во првото коло го добивме Шкупи кој е во идентична ситуација како нас. Ќе имаме три американски засилувања за новата сезона и тоа на позициите 1, 3 и 4. Постојано сме во контакт со нив и ги очекуваме да пристигнаме, но речиси невозможно е тоа да се случи пред натпреварот со Шкупи со кого играме на домашен терен. Најверојатно ќе ми бидат на располагање за второто коло во кое гостуваме на Блокотехна.

Со задоволство можам да кажам дека во новата сезона во Првата лига ќе настапуваме со 12 битолчани. Не само Македонци, туку битолчани, во најголем дел кошаркари од нашата школа. Тројцата Американци ќе им помогнат на нашите играчи да напредуваат, а поради новото правило во секој момент на теренот да има најмалку двајца домашни кошаркари, ние дури можеме да бидеме во предност пред останатитевели тренерот на КК Пелистер Зоран Петковски.

Последните години битолскиот тим постојано испаѓа и влегува во Првата лига, но никогаш не се откажа од својот идентитет. Веројатно и во новата сезона ќе се бори за опстанок, но тренерот очекува неколку млади кошаркари да избијат во прв план.

-Нашата главна цел е да обезбедиме опстанок и веројатно ќе се бориме за него до самиот крај со екипите на Струмица, Шкупи и Кожув. Од минатата сезона имаме неколку кошаркари кои веќе созреаја и кои треба веќе да ја преземат одговорноста. Тука е поискусниот Анакиевски, потоа Илиевски, Талевски, Николовски итн, додава Петковски.

Инаку првото  коло од Првата кошаркарска лига на Македонија, натпреварувачка сезона 2017/2018, почнува вторник на 10 октомври  во16:30 часот, во спортската сала Младост, како пред натпревар на ревијалниот натпревар во ракомет мегу ветераните на Пелистер и Репрезентацијата на Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*