Победникот на Локалните избори Тони Коњановски денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Битола.
На свечениот чин, градоначалничката Наташа Петровска му го предаде клучот од кабинетот и му посака успешна работа.
Во своето обраќање Петровска истакна дека му ја предава Општината Битола во добра финансиска состојба со околу 4,5 милиони евра, колку што има моментно на сметката и над 2,5 за наплата во наредните денови, без долгови и голем број проекти.
Коњановски се заблагодари на свечениот начин на предавање на функцијата градоначалник на Битола, онака како што му доликува на Битола и рече дека уште од денес почнува со реализација на неговите ветени проекти.