Home / Вести / Коњановски ја презеде функцијата градоначалник на Битола

Коњановски ја презеде функцијата градоначалник на Битола

Победникот на Локалните избори Тони Коњановски денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Битола.

На свечениот чин, градоначалничката Наташа Петровска му го предаде  клучот од кабинетот и му посака успешна работа.

Во своето обраќање Петровска истакна дека му ја предава Општината Битола  во добра финансиска состојба со околу 4,5 милиони евра, колку што има моментно на сметката и над 2,5 за наплата во наредните денови, без долгови и голем број проекти.

Коњановски се заблагодари на свечениот начин на предавање на функцијата градоначалник на Битола, онака  како што му доликува на Битола и рече дека уште од денес почнува со реализација на неговите ветени проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*