Don't Miss
Home / Спорт / Кој го крие договорот за продажбата на ФК Пелистер

Кој го крие договорот за продажбата на ФК Пелистер

Договорот за продажба на доминатниот пакет акции на  ФК Пелистер се чува како најголема државна тајна. Според информации на порталот на Битолски весник него никаде го нема, а го нема ни во официјалната документација на општината.

Кој и каде го  чува договорот за продажбата на Пелистер засега е строго чувана тајна.

Инаку неодмана добивме информација дека договорот за продажбата на Пелистер од страна на купувачите им бил доставен на локалната администрација и градоначалникот Талески, но тој истиот не го потпишал.

Така испага дека сопственици на Пелистер станале лица кои не добиле потпишан договор.

Поради тоа сопстевниците на Пелистер кои неодмана со писмо ја известија градоначалниката дека немаат намера повеќе да го финансираат клубот немаат никакви обврски спрема Пелистер, бидејки тие добиле во сопственост клуб без да бидат потпишани условите под кои го купиле Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*