Во организација на културниот – информативен центар – Битола, а со поддршка на Општина Битола, по повод 9 Мај „ Денот на Европа“ свечен концерт ќе одржи Дино Имери,
Концертот ќе се одржи во концертната сала на Офицерскиот дом во Битола.
Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“ по пренесувањето во Офицерскиот дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.
На концертот Дино Имериќе се претстави со дела на Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
