Home / Вести / Кондовски изрази поддршка за производителите на македонски органски производи

Кондовски изрази поддршка за производителите на македонски органски производи

Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола, изрази поддршка за производителите на македонски органски производи за време на денешната посета на традиционалниот „Пазар на фармери“ во организација на „Слоу Фуд Битола“. 

„Тоа за мене беше прилика, покрај другото, да пробам масло од лешник, уште еден од многуте денеска изложени високо квалитетни производи на локалните производители, кои со многу труд и посветеност ја одржуваат понудата на македонски органски производи. Им честитам на локалните фармери и затоа што изградија надалеку препознатливи брендови на буковска пипер, мариовски мед,  бистрички јаболка, македонско вино и локални млечни производи, кои денеска битолчани можеа да ги дегустираат и купат во рамките на манифестацијата.“-рече тој.

Нагласи дека поддршката од локалната самоуправа за производителите на македонски органски производи е важна за раст и развој на нивната понуда.

„Поддршката од локалната самоуправа е меѓу клучните основи уште повеќе да се подигнат стандардите во производството на органска храна, да се прошират капацитетите, граѓаните да имаат поголеми можности да набават квалитетни и здрави земјоделски производи, а производителите полесно да стигнат до своите купувачи.“-рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*