Don't Miss
Home / Вести / Кондовски на средба со дуќанџиите во Старата битолска чаршија

Кондовски на средба со дуќанџиите во Старата битолска чаршија

Старата чаршија не смее да биде попатна станица, туку вистински центар на локалната економија на Битола, ми рекоа денес дуќанџиите со кои се сретнав !

Да ги вратиме купувачите во чаршијата, ама и да ги задржиме туристите во градот, да не доаѓаат само на еден ден во битолската чаршија, туку да направиме туристичка и угостителска понуда која ќе ги привлече да поминат повеќе време во Битола и во битолските дуќани да трошат пари. Ова го заклучивме заеднички со дуќанџиите ! -истакна денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски по средба со дуќанџиите во старата битолска чаршија.

Тој истакна дека тие од новата локална самоуправа бараат поголема хигиена низ уличките во чаршијата и соодветни сообраќајни решенија за дотур на роба.

„Од искуство знам дека само ако разговараме отворено и искрено, секогаш кога дуќанџиите имаат потреба, а не јас, тогаш можеме да најдеме решенија !

Старата битолска чаршија е срцето на локалната економија и општината има обврска да ги слуша дуќанџиите, оти тие најдобро го знаат пулсот на градот, ги следат потребите на битолчани, а задоволени потреби значи задоволни граѓани.,,-истакна Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*