Зарем не е прекрасно кога сите заедно, обединети застануваме зад едно нешто – Најдоброто за Битола! Нашата желба за обединување на сите граѓани на Битола зад заедничката цел за подобар живот за сите во Битола, е препознаена и тоа е она што не води секој нов ден да истраеме и да го донесеме најдоброто за сите категории граѓани во нашата Општина.
Со овие зборови денеска кандидатот од СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, се обрати до кандидатите за советници и голем број поддржувачи.
Дождот не ги спречи да се соберат пред Офицерскиот дом во Битола, сите во црвено за да упатат порака за обединетост кон една заедничка цел – Најдоброто за Битола!
Од тука потоа ја продолжија секојдневната комуникација со граѓаните со цел што повеќе битолчани да можат да слушнат за проектите кои ќе донесат најдобри решенија за Битола.