Home / Избори 2021 / Кондовски: Поголема поддршка за пчеларството

Кондовски: Поголема поддршка за пчеларството

Пчеларството е погодено од  климатските промени, затоа ќе обезбедиме поголема поддршка

Нашиот регион е познат по производството на квалитетен мед, особено органски мед. Таа традиција треба да ја искористиме за што повеќе нови млади пчелари тука да си ја гледаат иднината.

Ова денеска го порача кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, кој се сретна со пчелари од Пелагонија во рамките на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“.

„Целта е да расте бројот на пчелни семејства. Производството на мед да се унапреди како здрава храна за сите наши граѓани. Но, медот да биде и производ без кој туристите нема да заминуваат од Битола.“-рече Кондовски.

Истакна дека поддршката за пчеларството е особено важна пораки климатските промени кои создаваат бројни проблеми за пчеларите.

„Како човек кој добро го познава агро секторот знам дека пчеларите тешко опстојуваат, покрај другото и поради климатските промени. Затоа како идна локална власт се залагам за што поголема  поддршка за пчеларството како исклучително важна стопанско-прехранбена гранка. Тука секако поддршка се пред се мерките од ИПАРД и Министерството за земјоделство, но и локалната власт треба да биде партнер на луѓето од агро секторот и да создава услови за унапредување на нивната работа.“-рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*