Иновациите се движечка сила на бизнис секторот!
Токму тоа го видов и за време на посетата на DAKA Холдинг во Битола, компанија која се занима со производство и сервисирање на системи повеќе од две децении.
Првото микропроцесорско контролно управување за лифтови кое работи врз принцип на безконтактен систем е создадено токму од оваа компанија, која покрај другото успешно работи со апликации базирани на augmented reality.


Сакавме на пазарот да понудиме нешто ново, поразлично, поефикасно и пософистицирано, ми рече сопственикот Димче Поповски.
Им честитам на храброста со големо искуство, знаење и вештини да се впуштат во освојување на пазарите во Европа, рамо до рамо со високо реномирани светски мултинационални компании.
Во вакви компании треба да работат нашите млади високообразовани луѓе, а не да ни заминуваат низ светот!

Поповски ми кажа дека имаат амбициозни планови за проширување на нивните капацитети, што ќе значи и нови вработувања. Но, за тоа од локалната самоуправа очекуваат поддршка преку побрзи и ефикасни измени на деталните и генералниот урбанистички план.
Општината мора да го поддржи локалниот економски развој, бидејќи тоа е во интерес на сите битолчани!