Don't Miss
Home / Култура / Концерт „Амбасада на мајсторство” во Битола

Концерт „Амбасада на мајсторство” во Битола

На 18 октомври (среда) во 19:00 часот во Центарот за култура во Битола ќе настапат Данила Ефремов (кларинет) и Иван Калатај (пијано) од Новосибирск. Концертот ќе се одржи во рамките на „Амбасада на мајсторство” – заеднички проект на Домот на музиката во Санкт Петербург и Россотрудничество.
„Амбасада на мајсторство” се одржува од 2012 година и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. Во првата половина од 2017 година се одржани 49 концерти во 25 земји. Минатата сезона 2015/2016 за Домот на музиката беше јубилејна. На 3 февруари 2016 година се одбележа 10 годинишнина од основањето. Санкт-Петерсбурскиот Дом на музиката е основан по иницијатива на Министерството за Култура на Руската Федерација. Главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања(перформанси) и подготовка(обука) на млади руски музичари за на меѓународни натпревари и фестивали. Особено внимание се посветува на студенти и дипломци на конзерваторијата на возраст од 16 до 30 години – солисти на оркестарска специјалност.
Данила Ефремов и Иван Калатај во среда ќе изведат дела од Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов, Шопен. Помош во организацијата на настанот обезбедуваат Руската амбасада во Македонија и Почесниот конзулат на Русија во Битола.

 

Влезот е слободен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*